Достапни линкови

Шефот на Агенцијата за помош на палестинските бегалци поднесе оставка


Пјер Кренбул

Шефот на Агенцијата на Обединетите нации, задолжена за помош на палестинските бегалци, Пјер Кренбул поднесе оставка која веднаш стапува на сила, соопштија од ООН, а пренесе Ројтерс.

Агенцијата за помош на палестинските бегалци (UNRWA) претходно објави дека комесарот ќе биде разрешен откако ќе заврши ревизијата на „прашањата поврзани со управувањето“.

Агенцијата, исто така, соопшти дека нејзиниот највисок службеник привремено се повлекол од функцијата откако внатрешната истрага открила проблеми со управувањето и загриженост за евентуални сексуални престапи, непотизам и други злоупотреби на службената должност. Агенцијата не го спомнува комесарот Пјер Кранбул по име, но посочува дека генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш го назначил Антонио Сандерс, за негова замена.

Во доверливиот извештај на Канцеларијата за етика на ООН до кој летово дојде агенцијата АП, се наведува дека менаџерите, вклучувајќи го и Кренбул, биле „вклучени во сексуално вознемирување, непотизам, одмазда, дискриминација и други злоупотреби на службената должност“.

Израел изрази голема загриженост за ваквите информации и посочи дека тие ја потврдуваат потребата за „длабока и сеопфатна промена“ во Агенцијата.

XS
SM
MD
LG