Достапни линкови

Романија предложи две имиња за еврокомесари


Сигфрид Муресан и Адина Валеан

Романската Влада ги номинираше Сигфрид Муресан и Адина Валеан како можни европски комесари од оваа земја. Муресан и Валеан се европратеници од редовите на Европската народна партија. Тие доаѓаат откако Европскиот Парламент ја отфрли претходната кандидатка од Романија, Рована Плумб, номинирана од претходната романската влада, која во меѓувреме изгуби доверба. Новата влада ја води Лудовик Орбан.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејн сега треба да избере од двајцата кандидати, врз основа на нивната компетентност, но ќе треба да го запази и родовиот баланс на нејзината комисија.

XS
SM
MD
LG