Достапни линкови

Јоксимовиќ: Интересот на САД за евроинтеграциите на регионот не мора да биде нужно лошо


Српската министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ

Интересот на една голема и моќна сила како што е САД за евроинтеграциите во регионот не мора да биде нужно лошо, изјави денеска српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ. Таа смета дека зголемениот интерес на САД за политиката на ЕУ кон Западен Балкан не е неочекуван и дека не мора да биде лошо, иако може да се слушнат различни толкувања на одредени прашања во врска со специфичноста на европскиот пат на Србија.

„Но, кога станува збор за регионот, не мислам дека интересот на една голема и сè уште моќна суперсила, како што се САД, сигурно не може да им наштети на европските аспирации на сите во регионот и особено ова мислам дека има значење за Северна Македонија и Албанија, кои имаат и евроатлантска компонента, односно членството во НАТО како цел, изјави Јоксимовиќ, додавајќи дека од друга страна, Србија нема евроатлантски аспирации и дека нејзиниот процес на евроинтеграција е првенствено поврзан со полноправното членство во ЕУ.

Според неа, во интерес на САД, е политиката на проширување, да не се лизне од шините. Јоксимовиќе е уверена дека политиката на проширување што би го опфатила регионот и оние земји кои имаат аспирации за полноправно членство ќе опстане.

XS
SM
MD
LG