Достапни линкови

Груби: Усогласивме текст на Изборниот законик, а во него нема промена на изборниот модел


Артан Груби

Пратеникот Артан Груби од ДУИ изјави дека политичките партии усогласиле измени на Изборниот законик во кој не се предвидува промена на изборниот модел. Според него, апсурдно е да се дискутира за промена на изборен модел на пет месеци пред предвремени избори.

„Ние остануваме на формалниот состав кој што дискутира промени на изборниот законик и тоа е во рамките на Министерството за правда. Неделава имавме сите средба, и политички партии, невладините и меѓународни организации и веќе усогласивме текст на предлог-закон кој што во себе ги инкорпорира сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР од последните три изборни циклуси претседателски, локални избори и референдум и во тој предлог не се дискутира околу изборен модел“, изјави Груби.

XS
SM
MD
LG