Достапни линкови

Вучиќ:Охридскиот состанок важен за регионалната соработка


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјавил дека состанокот овој викенд во Охрид ќе ги дефинира приоритетите во регионалната соработка и обидите за нејзино јакнење. Тој ова го изјавил по средбата со шефот на делегацијата на ЕУ во Белград, амбасадорот Сем Фабрици, каде што разговарале за српските евроинтеграции и за дијалогот на Белград со Приштина.

Вучиќ изјавил дека Србија мора да продолжи со европскиот пат и оти затоа е важна поддршката на ЕУ во спроведувањето на реформи и на регионалната соработка.

XS
SM
MD
LG