Достапни линкови

Путин го награди бугарски пратеник обвинет за шпионажа во Софија


Поранешниот бугарски пратеник, кој беше обвинет дека шпионира за Русија, денеска се врати во Софија од Москва. Тој во Москва доби награда за пријателство и соработка од рускиот претседател Владимир Путин. Наградата што ја доби Николај Малинов, шеф на проруската лоби група во Бугарија, позната како Национално движење на русофили, изнесува околу 400.000 американски долари.

Малинов за РСЕ изјави дека нема намера да остане во Русија затоа што неговата активност како јавна личност е целосно поврзана со Бугарија. Тој вели дека со Путин зборувале и за обвинувањата кон него дека е шпион, но не даде дополнителни детали.

Тој, исто така, ги негираше обвинувањата од бугарските обвинители дека постапил во интерес на Русија, велејќи дека единствена цел му е подобрувањето на културните и социјалните врски меѓу двете држави. Тој ја посети Москва во време кога се чека да почне судењето против него за шпионажа. Обвинителството бара истрага и за судската одлука со која му се овозможило да ја напушти Бугарија, иако тоа му е забрането според одуката за пуштање од притвор.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска рече дека наградата што Путин му ја доделил на Малинов е признание за неговиот придонес кон развојот на пријателството и соработката меѓу двете земји. Тој вели дека гонењето на Малинов ќе биде нелогично и ќе има многу штетни последици.

Малинов беше официјално обвинет на 10 септември за перење пари за руски организации во Бугарија и за обезбедување тајни на две руски организации.

XS
SM
MD
LG