Достапни линкови

ЕВН Македонија ја купува Градската куќа под Кале


Петре Шилегов

EВН Македонија е новиот сопственик на Градската куќа. Од Град Скопје информираат дека вчера успешно завршила електронската аукција, што, посочуваат, е првата постапка за продажба на објектот на Град Скопје, кој е лоциран под скопското Кале.
Град Скопје го продаде објектот за 785.031.818 денари, околу 12, 8 милиони евра.

Согласно со предвидените процедури од јавниот повик, се вели во соопштението, купецот треба во рок од 15 дена да ја уплати сумата, по што ќе следува потпишување на договор со кој ќе се заврши целата постапка.

Градската куќа, ја градеше претходниот градоначалник Коце Трајановски. За нејзина изградба беа потрошени околу 12,8 милиони евра.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кога објави дека ќе ја продава, рече дека објектот е граден како мртвороденче, за кое се знаело дека нема да ја собере целата администрација на Град Скопје.

XS
SM
MD
LG