Достапни линкови

ЕУ повторно ќе се занимава со злоупотребите на визната либерализација


Финското претседателство до министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ достави извештај во кој ги набројува проблемите што произлегуваат од визната либерализација. Во извештајот стои дека визната либерализацијата со Грузија, Албанија и Украина и нејзината злоупотреба се посебно загрижувачки за некои земји членки. Финска наведува дека откако е воведена либерализацијата има бројни случаи на очигледно неоправданите барања азил.

Во извештајот најпроблематични се граѓаните од Грузија, Албанија и Украина, а во одредена мерка и граѓани од Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Ерменија се наоѓаат меѓу неоправданите барања за азил, некогаш во голем број, според податоците на земјите членки.

Земјите членки на ЕУ сега имаат задача да ги идентификуваат попрецизно злоупотребите на визниот режим и да ги зајакнат информативните кампањи во третите земји од каде што доаѓаат лажните азиланти.

XS
SM
MD
LG