Достапни линкови

Штајнмаер му се заблагодари на Горбачов за неговата улога во обединувањето на Германија


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер му се заблагодари на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов за неговата улога во обединувањето на Германија во 1990 година.

Тој во писмо до Горбачов пишува дека мирното обединување на Германија, а со тоа и крајот на поделбата на Европа не би било можно без храбрите и хумани одлуки што ги донел Горбачов.

„Она што најмногу ме боли е состојбата со германско-руските и европско-руските односи“, пишува Штајнмаер, додавајќи дека е важно да не се предаваат на отуѓувањето кое во изминатите години пораснало

Во интервју кое вчера беше објавено, Горбачов рече дека во тоа време неговиот принцип бил да нема крвопролевање.

XS
SM
MD
LG