Достапни линкови

Линдзи Хојл нов претседател на Долниот дом на британскиот парламент


Долниот дом на британскиот парламент

Повеќегодишниот пратеник на Лабуристичката партија Линдзи Хојл е избран за нов претседател на Долниот дом на британскиот парламент. Во последниот четврти круг на гласање тој доби 325 гласови, додека неговиот ривал Крис Брајант, исто така од лабуристите, го поддржаа 213 пратеници. Хојл досега му беше заменик на претседаелот на Домот Џон Беркоу кој во минатата недела се повлече по десет години на таа функција.

XS
SM
MD
LG