Достапни линкови

Казахстан, Судан и Бразил земји кои најмногу ја попречуваат интернет слободата


Фридом хаус, слобода на интернет

Казахстан, Судан и Бразил се земјите кои најмногу ја нарушувале слободата на интернет во минатата година. Ова се наведува во последниот извештај на Фридом хаус во кој се документира и тоа како владите го зголемуваат користењето на социјалните медиуми за да ги набљудуваат граѓаните и да манипулираат со изборите. Во извештајот се прецизира дека имало зачестени обиди од страна на популистичките лидери и нивните сојузници за влијание врз домашната политика. „Повеќе влади открија дека на социјалните медиуми пропагандата функционира подобро, отколку цензурата“, вели Мајк Абрамовиц, претседател на Фридом хаус.

XS
SM
MD
LG