Достапни линкови

Горбачов - Нуклеарното оружје го доведува светот во колосална опасност


Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов

Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов предупреди дека сегашната спротивставеност меѓу Русија и Западот го става светот во „колосална опасност“, поради заканата од нуклеарно оружје.

Во интервјуто за Би-Би-Си објавено денеска, тој ги повикува сите земји да се изјаснат дека нуклеарното оружје мора да биде уништено за да се спасат себеси и планетата.

„Колку повеќе има оружје за масовно уништување, пред сè нуклеарно оружје, толку опасноста е поголема“, вели Горбачов.

Запрашан да ги опише тековните тензии меѓу Москва и Западот, тој вели дека се оладени, но дека сепак е војна.

СAД и Русија оваа година се повлекоа од Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел, што го потпишаа Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган во 1987 година.

XS
SM
MD
LG