Достапни линкови

Грција, Трамп и праските во конзерва


Грција во очај од новите царини на Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Грција во очај од новите царини на Трамп

Царинската војна меѓу Европската унија и Соединетите држави се заканува да го зафати најпрофитниот извозен сектор на Грција, кој ја преживеа деценијата на економска кризи, но веројатно не и претседателот Доналд Трамп. Станува збор за козревираните праски.

Одлуката на администрацијата на Трамп да воведе дополнителни царини од 25 насто на низа производи на ЕУ во знак на одмазда за субвенциите на европските авиони Ербас, ги погоди производите: од италијанското сирење до француските вина.

Во Грција пак, тоа е конзервираната праска.

Грција е најголем извозник во светот на праски во конзерва.

Една петтина од нејзиното годишно производство од 250.000 тони оди на американскиот пазар.

Новите мерки ќе ја зголемат царината за увоз во Соединетите држави на 43 насто.

Во северните грчки региони Пела и Иматија - каде што се наоѓаат градовите Вериа и Наоса, околу 10.000 мали фарми работат за 17 фабрики за конзерви.

Костас Апостоло, шеф на Грчката асоцијација за конзерви, стоејќи во магацин полн со конзерви вели:

„Одеднаш се случи оваа војна, војна меѓу Европа и САД. Зашто? За авионите. Никогаш не можевме да замислиме дека ова може да влијае врз нашата работа овде во оваа мала област во централна Македонија ... Зошто тие не казнуваат? Ние немаме никаква врска со овие авиони“.

Тој додава дека зголемените царини ќе влијаат врз егзистенцијата на повеќе од десет илјади земјоделци и работници и нивните семејства кои зависат од производството и одгледувањето праски.

Зголемувањето на царините стапи во сила на 18 октомври, во момент кога Грците се подготвуваа да му испорачаат 50 милиони конзерви на американскиот пазар.

Многу клиенти или ги откажаа нарачките или соопштија дека нема да бидат подготвени да платат за какво било зголемување.

Експертите велат дека приходот што ќе се изгуби од американскиот пазар е околу 50 милиони долари - мала сума во однос на меѓународната трговија, но неопходна за еден од посиромашните региони во Грција со невработеност од 20 насто.

Тие се загрижени дека непродадената стока ќе доведе до натамошно паѓање на цените и до скок на невработеноста.

Земјоделецот Тасос Халкидис вели дека егзистенцијата на цели села ќе биде засегната од новите царини.

„Ако го имам Трамп пред мене, би му рекол подобро да се однесува, да не остави да работиме за да можеме да заработиме за живеење, овие тарифи да не се наметнуваат и да ги оставиме какви што беа, за да можеме да преживееме“.

Тој додава дека земјоделците размислуваат дали се исплати со ваквите царини, воопшто да одгледуваат праски во иднина.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG