Достапни линкови

Славевски: Партијата на власт има идеолошка конфузија


Архивска фотографија- седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески денеска коментирајќи ја одлуката на владата за стопирање на мерката прогресивно оданочување рече дека тие биле загрижени затоа што партијата на власт имала идеолошка конфузија подолг временски период.

„Ова говори за тотална идеолошка кофузија во владејачкиот СДСМ, кој што може да се види на полето на економските и социјалните политики својата програма ја темели врз погрешни факти. Оттаму не се случајност погрешните мерки на економско-социјален план, кои даваат сосема спротивни ефекти од прокламираните, а чии што последици ги сносам македонските граѓани“, наведе Славески.

Според негокако резултат на воведувањето на прогресивното оданочувањето голем број на млади професионалци, особено од ИТ секторот, лекари и други професии ја имаат напуштено Македонија, а тоа негативно се одразило и врз странските директни инвестиции.

XS
SM
MD
LG