Достапни линкови

ДОМ бара одговор од надлежните каков отпад се складира во Дрисла


Архивска фотографија- депонијата Дрисла

Од партијата ДОМ, која е дел од владејачката коалција, денеска преку соопштение побараа одговор за тоа каков отпад се складира во депонијата Дрисла. Партијата тоа го побара од надлежните институции, поконкретно Министерството за животна средина со Управата за животна средина, Инспекторатите за животна средина, Министерството за економија, „Дрисла“ и Царинската управа. Од таму наведуваат дека ова го бараат по раширените информации на социјалните мрежи, додавајќи дека како граѓани, мора да знаеме дали се увезува опасен отпад и дали тој останува во земјата што се случува понатаму со него.

„Бараме споменатите институции да извршат внатрешна контрола на својата документација и работење во оваа смисла и да дадат јавен одговор. Како граѓани, бараме да биде заштитен јавниот интерес и да се преземат итни мерки, било во измена на закони и подзаконски акти, било во санкционирање на евентуалните прекршители на постојната регулатива“, наведуваат од ДОМ.

XS
SM
MD
LG