Достапни линкови

Ангеловска- се одложува данокот на доход од депозити и капитална добивка за 2023 година


Архивска фотографија- Министерката за финансии Нина Ангеловска

Министерството за финансии денеска инфомираше дека се одложува оданочувањето на доходот на камати од депозити и на доходот од капитална добивка од хартии од вредност, кои требаше да стапат во сила на почетокот на 2020 година, за три години подоцна, односно за 2023 година. Исто така, освен одлагањето се предлага намалување на даночните стапки, односно од 15% на 10% за депозитите и стапки од 0% до 15% кај капиталната добивка, во зависност од време на поседување на хартиите од вредност.

Ова, како што наведуваат од министерството, ќе биде предвидено со измените на Законот за данок на личен доход кои ќе ги предложат врз основа на сеопфатни анализи. Министерката за финансии Нина Ангеловска истакна дека значаен исчекор е и дека решението кое ќе стапи во сила од 2023 година, е познато на јавноста уште сега.

Кај оданочувањето на капиталната добивка од хартии од вредност, Анегловска рече дека ќе се направи системско решение со кое висината на даночната стапка ќе зависи од периодот кој инвеститорот ќе ги поседува хартиите од вредност. Оние кои се долгорочни инвеститори ќе бидат ослободени од плаќање на овој данок.

Се предлага и намалување на даночната стапка кај доходот од камата од депозити на 10%, наместо тековните 15%, за да се изедначи, како што се наведува, со третманот кој што ќе го имаат граѓаните кои своите заштеди ги пласираат долгорочно на пазарот на капитал.

XS
SM
MD
LG