Достапни линкови

Стејт департмент- 156 лица од Северна Македонија се приклучиле на терористите во Сирија и Ирак


Најмалку 156 државјани на Северна Македонија се приклучиле на терористички групи во Сирија и Ирак, од нив 35 биле убиени, околу 38 останале таму, а 83 се вратиле во земјата. Ова се наведува го годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за тероризмот во светот. Во документот објавен вчера во делот за државава пишува и дека Северна Македонија соработува со САД во напорите за борба против тероризмот и дека е дел од глобалната коалиција за борба против ИСИС.

„Најголемата терористичка закана со која се соочува Северна Македонија е враќањето на борците од странските боишта и потенцијалот за радикализација и насилство“, се наведува во извештајот.

Во него се нотира дека во март владата ги усвоила Националната стратегија за борба против тероризмот 2018-2022 година и Националната стратегија за борба против насилниот тероризам и двата придружени со акциски планови.

„Во август Северна Македонија ги врати во татковината и ги притвори за истрага седум нејзини државјани кои беа држени во притвор од Сириските демократски сили, станувајќи една од првите земји која успешно го направи тоа и постави пример за остатокот од светот кој треба да го следи“, се наведува во извештајот.

XS
SM
MD
LG