Достапни линкови

Субвенции до 18 000 денари за плински уреди во автомобилите


Архивска фотографија- министерот за економија Крешник Бектеши

Во следните 30 дена сите возачи што сакаат да стават плински уреди во своите автомобили, ќе може да аплицираат за субвенции во Министерството за економија. Рокот за поднесување барања почна вчера, а процедурата, како што објасни денеска ресорниот министер Крешник Бектеши, е многу едноставна.

„Потребно е само да се достави барање до Министерството и да се извади нова сообраќајна дозвола во која ќе стои дека возилото не користи бензин или дизел, туку плин“, рече Бектеши на прес-конференција.

Според него, ќе се субвенционираат 50 отсто од трошоците за вградување плински уреди, но максималната сума што може да ја добие апликантот е 18.000 денари. Со поддршката се обезбедени 15 милиони денари или по 250 – 300 евра за околу 800 – 900 возила. Ова како што рече Бектеши е дел од Планот за чист воздух со кој треба да се намали загадувањето на воздухот.

XS
SM
MD
LG