Достапни линкови

Антикорупциска иницира кривична за градоначалникот Мерко


Антикорупциска комисија / ДКСК

Антикорупциската комисија денеска иницираше поведување постапка за кривично гонење пред недлежното Јавно обвинителство за градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, поради извршување на функцијата спротивно на начелата на законитост и интегритет и на јавниот интерес и интересот на општината, потврдено се наводите на извршената ревизија. ДКСК оформила предмет за Мерко и набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“ во Општина Струга.

Градоначалиникот на Општина Струга Рамиз Мерко ја злоупотребил својата положба при набавка на четири автомобили во вкупна вредност на набавката од 114.000 евра меѓу кои и луксузниот автомобил марка „Ауди А6“ со вкупна вредност на набавката од 66.700 евра кое го користи градоначалникот и тоа во време кога Општина Струга е со неподмирен долг од околу четири милиони евра, истакнаа од Комисијата.

Тие посочија дека градоначалникот во неговото писмено изјаснување ги отфрла изнесените наводи.

Градоначалникот во своето писмено изјаснување ги отфрлува наводите со образложение за дотраен возен парк на возила на Општина Струга кој, според него, пред објавување на јавниот оглас за набавка на возила го сочинувале стари возила и тоа еден „Мерцедес Е-класа“ од 2006 година, две „Шкода Фабија“ од 2010 година, едно комбе „Фиат“ од 2010, едно „Ауди А6“ од 2011 година со блокиран мотор и една „Шкода Октавија“ од 2010 година, наведоа од ДКСК.

Од Комисијата посочија дека тој во своето изјаснување навел дека се воздржал од патувања на многу важни состаноци и средби со образложение „од други причини“, бидејќи му било срам да ја каже правата вистина дека нема возило за патување со повисоки перфорамнси, кои гарантираат сигурност и безбедност при патувањето на градоначалникот на Општината.

XS
SM
MD
LG