Достапни линкови

Ни денеска не се избра државен ревизор


Предлогот не доби мнозинство гласови, па претседателот на собраниската Комисија, Илија Димовски, ја прекина расправата по таа точка

Пратениците не избраа државен ревизор, оти предлогот не доби мнозинство гласови, па претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Илија Димовски ја прекина расправата по таа точка.

Пратеникот Мухамед Зеќири од СДСМ го предложи Адем Цури за државен ревизор и за него гласаа шест од 12 присутни членови на Комисијата. Пратеникот Ејуп Алими од ДУИ, пак го предложи Насер Адеми којшто ја извршуваше функцијата заменик државен ревизор.

По гласањето Димовски ја прекина расправата за оваа точка и ги повика политичките партии да изнајдат начин да се договорат за изборот на државниот ревизор.

Државниот завод за ревизија речиси две години е без главен ревизор, а мандатот на вршителот на должноста истече на 5 октомври. Комисијата се очекува попладнево да продолжи со нова седница.

XS
SM
MD
LG