Достапни линкови

Ципрас - Мицотакис ќе го моли лидерот на ВМРО да не го отфрла Преспанскиот договор


Поранешниот премиер на Грција и лидер на сега опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас

Поранешниот премиер на Грција и лидер на сега опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас рече дека се горди на Договорот од Преспа и упати критики до актуелниот претседател на грчката влада, Кирјакос Мицотакис во однос на договорот. Тој зборуваше во Парламентот и говорејќи за националните прашања рече дека е постигнато грчките воени авиони да го надгледуваат воздушниот простор на Северна Македонија, а не турските воени авиони, како што ќе беше ако не го преземеле овој историски чекор.

„Горди сме што дури и денес, кога соседната земја е во тешка ситуација, ние сме тие кои преземаме иницијативи во корист на стабилност во соседната земја, додека грчката Влада на Самитот ги набљудуваше Данска и Холандија како се занимаваат со Западен Балкан“, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА додаде дека тие, исто така, се горди што сега гледаат дека еден по еден пратениците од владејачката партија се обидуваат да го вразумат Мицотакис, да не размислува и да не ја посакува перспективата „да победат истомислениците националисти во соседната земја“.

„Затоа што тогаш, гледам вашиот лидер ќе го моли лидерот на ВМРО да не случајно го отфрли договорот што го потпишавме“, рече поранешниот грчки премиер.

XS
SM
MD
LG