Достапни линкови

Тимоние - Додека ЕУ си ја средува куќата, донесете закони против корупција


Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние

Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние вели дека сега работа на лидерите на ЕУ е да разговараат за смена на правилата на игра, а на земјава е да исполни одредени работи. Тој одговараше на новинарско прашање дали Франција ќе го промени својот став за проширувањето до следниот самит во Загреб.

Амбасадорот вели дека земјата треба да спроведе успешни избори и да донесе закони за борба против корупцијата. Усвојувањето на законите ќе биде многу силен сигнал, вели Тимоние. Тој критикуваше што во земјава се одржуваат премногу избори.

„Ние имаме пред се работа од наша страна за да ја ставиме во ред нашата куќа, а вие треба да го вперите вашиот поглед кон европскиот хоризонт што е ваш, меѓутоа треба да се работи и да се засукаат ракавите“, рече Тимоние.

XS
SM
MD
LG