Достапни линкови

Рикер го критикува „погледот од 19 век“ на дел лидери на ЕУ на Западен Балкан


Американскиот дипломат Филип Рикер во интервју за РСЕ.

Американскиот дипломат Филип Рикер го критикуваше погледот што го имаат некои лидери во ЕУ, откако Северна Македонија и Албанија не добија датум за преговори со ЕУ.

Тој во интервју за Радио Слободна Европа рече дека одредени лидери во ЕУ имаат „поглед од 19 век“ на Западен Балкан. Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Рикер, рече дека Соединетите Држави се разочарани од одлуката на европските лидери за Скопје и за Тирана.

Тој во интервјуто вели дека европската перспектива на овие земји кои сакаат да бидат дел од Унијата била клучна компонента на американската надворешна политика. Тој вели дека САД го подржуваат тој идеал на земјите и во програмите за помош што ги даваат, помошта на дипломатијата, поддршката на реформите што ги презедоа овие земји за да се движат во таа насока

„Сметаме дека тоа е во најдобар интерес на државите, регионот и Европа и разочарувачко е да се видат одредени лидери со поглед од 19 век на Западен Балкан“, вели Рикер во интервју за РСЕ.

XS
SM
MD
LG