Достапни линкови

Патници сведочат за несреќата на „Дурмо турс“ кај Ласкарци


Архивска фотграфија - Автобус на Дурмо-турс излета на патот Скопје - Тетово

Патници кои се возеле во автобусот на Дурмо Турс, денеска сведочат на судењето за автобуската трагедија кај Ласкарци, во која загинаа 16 луѓе, а 37 беа потешко повредени.

Еден од повредените патници сведочеше дека автобусот без да кочи удрил во заштитните огради и дека возачот неколкупати разговарал на телефон, но дека правилно го држел воланот цело време додека автобусот ги пробивал заштитните огради.

Сведокот Љуљзим Далипи рече дека возењето нормално се одвивало се до наплатната рампа кај село Глумово, и дека не приметил ништо чудно во однесувањето на возачот, но дека, како што се сеќава, возачот неколкупати зборувал на телефон.

Сопатникот кој седел до него починал во несреќата, а сведокот поминал во болница 24 дена. Тој најави дека за 12 скршени ребра, внатрешно крварење и два скршени пршлени во граѓанска парница ќе бара отштета.

Сведокот Бетим Амети, пак рече дека има негативно искуство со Дурмо турс. Често автобусите се расипуваа, вратите не се затвораа, немаше клима и слично, изјави денеска тој пред судот. Рече дека не приметил никакво кочење на автобусот или нешто да прави возачот за да го врати автобусот на патот.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци обвинети се шест лица.

XS
SM
MD
LG