Достапни линкови

Стевчо Јакимовски обвинет за злоупотреби и бесправно градење додека бил градоначалник


Поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Јавното обвинителство за организиран криминал поднело обвинение против 11 луѓе, меѓу кои и против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавува МИА.

Според Обвинителството првообвинетиот во својство на градоначалник сторил повеќе кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и едно кривично дело „бесправно градење“. Дел од останатите се обвинети за злоупотреба на службената положба, некои за несовесно работење, или за бесправно градење.

Првообвинетиот, во периодот од 2011-2017 година, како службено лице – градоначалник, во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште сопственост на Македонија. Во соопштението од Обвинителството се наведува дека првоосомничениот со злоупотребите на својата положба го оштетил буџетот на Општината.

XS
SM
MD
LG