Достапни линкови

Дендиас: Северна Македонија целосно да го спроведува Договорот од Преспа


Македонско и грчко знаме

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас рече дека Северна Македонија треба целосно и доследно да го спроведува Договорот од Преспа. Тој во воведно обраќање на Комисија за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент рече дека Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, но очекува од двете соседни земји „да направат опипливи чекори напред во важните прашања“.

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска не прес-конференција рече дека ќе продолжи спроведувањето на Преспанскиот договор до крај, а тоа го очекуваат и од грчка страна.

XS
SM
MD
LG