Достапни линкови

Столтенберг - Русија да ги повлече сите свои сили од источна Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави повлекувањето на украинските и на сепаратистичките сили поддржани од Русија од линиите на разграничување во источна Украина, но ги повтори повиците до Москва „да ги повлече сите свои сили“.

„Ги поздравуваме сите напори за намалување на тензиите“, рече Столтенберг за време на денешната посета на пристанишниот град Одеса во Украина.

Тој додаде дека има уште да се работи зашто сè уште има прекршувања на прекинот на огнот.

„НАТО јасно кажува дека Русија има посебна одговорност да... ги повлече сите свои сили и сите свои офицери од источна Украина“, додаде тој.

Неговата изјава доаѓа еден ден откако украинските сили и сепаратистите почнаа процес на повлекување од градот Золоте во регионот Луганск во источна Украина. Во конфликтот во источна Украина од април 2014 година загинаа над 13 илјади луѓе. Според договорот постигнат овој месец, двете страни се согласија да почнат со повлекување на нивните сили од Золоте и од соседниот град Петривске.

XS
SM
MD
LG