Достапни линкови

Русија и Украина не постигнаа договор за транзит на природниот гас


Илустрација: Изградба на гасоводот Северен тек 2

Преговарачите на Русија и Украина денеска не успеаја да постигнат договор за новата долгорочна спогодба за транзит на природниот гас, поради што е зголемена можноста за прекин на испораката на тој енергенс од Русија во текот на зимата.

Европскиот комесар за енергетика, Марош Шевчович, изјави дека е разочаран со исходот од денешните преговори во Брисел и предупреди дека „времето лета“, зашто важечкиот договор за транзит на гасот истекува на 1 јануари.

Голема количина од рускиот гас за Европа поминува низ Украина, а расте загриженоста дека Русија повторно може да ги „затвори славините“.

Шефчович апелира преговарачите да бидат спремни за нови рунди преговори и изрази надеж дека до нив може да дојде до неколку недели.

XS
SM
MD
LG