Достапни линкови

НАТО ја почитува одлуката на Србија за заедничката воена вежба со Русија


НАТО соопшти дека ја „почитува“ одлуката на Србија во врска со заедничкaта воздушна воена вежби со Русија на нејзина територија на која беа распоредени руските ракетни системи „С-400“ и Панцир-С.

Русија соопшти дека ракетните системи С-400 и Панцир-С учествувале во вежбата „Славјански штит-2019“ за тестирање на заедничкото дејствување на руските и српските вооружени сили за избегнување воздушни напади. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ракетните системи биле стационирани во базата Батајница. Ова е првпат С-400 и Панцир-С да се појават во воени вежби надвор од Русија, соопшти Министерството.

Во изјава за Радио Слободна Европа, канцеларијата за врски на НАТО соопшти дека Алијансата и Србија „се партнери и оти НАТО го почитува правото на Србија да донесува суверени одлуки за вежби на нејзината територија.“ „Ова е прашање за Србија и Русија“, се вели во соопштението на НАТО, во кое се додава дека „Србија е партнер на НАТО“ и дека балканската земја има „добар и продуктивен однос“ со западниот сојуз.

XS
SM
MD
LG