Достапни линкови

Протест на земјоделци пред Владата


Илустрација.Трактори.

Маршот почна околу 12:30 часот од „Мавровка“, од каде со шест трактори напред и транспаренти насобраните се упатија до Владата. Освен сточари, на протестот присуствуваат и овоштари, лозари, тутунари, и други земјоделци.

Ненавремена исплата на субвенциите и нецелосно исполнување на барањата испорачани пред една година, се причините поради кои денеска Здружението на сточари „Агроцентар“ од Велес, поддржано од други земјоделски здруженија, организира протестен марш во Скопје.

Претседателот на „Агроцентар“, Митко Јанков, з а МИА изјави дека протестот нема никаква политичка позадина.

"Протестот се одржува поради глувоста на Владата за сточарите и нема никаква политичка позадина. Од една страна, нашите барања искажани во декември лани се само делумно исполнети, а од друга, субвенциите не се исплаќаат навреме, туку повторно, пред избори. Доста ни е веќе од таква политика, независно кој е на власт"рече Јанков.

Министерот за земјоделство Трајан Димковски вчера на прес-конференција рече дека заедно со земјоделците ги планираат интервентните мерки и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад протестот.

XS
SM
MD
LG