Достапни линкови

Вучиќ - Србија го посакува руското оружје, но не може да си го дозволи


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го посетил центарот каде српски и руски воени сили ја спроведуваат воената вежба „Словенски штит 2019“. За првпат надвор од Русија се донесени руските системи за противвоздушна одбрана С-400 и Панцир. Вучиќ изјавил дека „не видел вакво нешто“ и дека тоа е „страотно оружје“.

Тој вели дека Србија посакува вакво оружје, но може да го имаат само ако Русија им го остави, оти во овој момент не може да си го дозволат.
Тој потсети дека Србија нарачала еден ракетен систем „Панцир“ за кој процени дека е „фантастичен“.


XS
SM
MD
LG