Достапни линкови

Исланд го ратификуваше Протоколот за членство на С.Македонија во НАТО


Архива - министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Исландскиот Парламент денеска го ратификуваше Протоколот на Северна Македонија за членство во НАТО, по што остануваат уште три земји да го ратификуваат Протоколот за членството на земјата во Алијансата и се очекува наскоро тоа да го сторат уште Франција, Холандија и Шпанија.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на Фејсбук напиша дека веста за 26-та ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на Парламентот на Исланд ја добила во Брисел на состаноците на Севроатлантскиот совет.

„Членството во НАТО станува реалност“, напиша Шекеринска.

XS
SM
MD
LG