Достапни линкови

На руско-српскиот „Словенски штит“ и С-400 и Панцир-С


Руското Министерството за одбрана соопшти дека со Србија спроведуваат заеднички воени вежби. Русија испратила дивизион на ракетниот систем С-400 и батерија на системот Панцир-С, соопшти денеска Министерството. Противракетните системи се распоредени во базата Батајница, која се наоѓа надвор од Белград. Ова е прв пат противракетните системи С-400 и Панцир-С да се појават во воени вежби надвор од Русија, се вели во соопштението на Министерството.

Ова е втора фаза од руско-српската вежба за воздушна одбрана „Словенски штит 2019“ и ќе трае до 29 октомври. Првата фаза се одржа во руски регион Астрахан во септември.

XS
SM
MD
LG