Достапни линкови

Столтенберг - Потребно е прилагодување на правилата за контрола на оружјето


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека сегашните правила за контролата на оружјето треба да се прилагодат на новите реалности за да останат ефективни, наведувајќи го притоа непочитувањето од страна на Русија на меѓународните обврски и појавата на нови актери и технологии.

Тој денеска пред конференцијата за контрола на оружјето за време на состаноците на НАТО лидерите, рече дека сегашните правила за контрола на оружјето се распаѓаат.

Столтенберг, исто така, ги обвини Северна Кореја и Иран дека грубо ги игнорираат или кршат глобалните правила и шират опасна ракетна технологија ширум светот.

„Подемот на Кина“, вели Столтенберг, исто така, има импликации врз постојните правила за контрола на оружјето, оти Кина сега го има вториот по големина буџет за одбраната во светот, по САД.

XS
SM
MD
LG