Достапни линкови

Во Штип запалени возилата на луѓе блиски до СДСМ


Илустрација

Пет возила биле запалени утрово во Штип, од нив три целосно се изгорени, а две делумно. Меѓу возилата кои целосно изгореле се двете возила на семејството Тушеви. Едното возило е на Никола Тушев, кој е поранешен претседател од огранокот на СДСМ во Штип, а другото на неговиот татко Мите Тушев. Тие се брат и татко на поранешната пратеничка од СДСМ Маринела Тушева, која е во брак во Бојан Маричиќ, советник на премиерот Зоран Заев. Според Никола Тушев возилата биле паркирани на различни места на паркингот, а биле запалени најверојатно со молотови коктели.
Полицијата го истражува настанот, а по истрагата ќе дадат дополнителни информации.

XS
SM
MD
LG