Достапни линкови

Судот ги одби барањата - Јанева и Боки 13 остануваат во притвор


Катица Јанева на распит за „Рекет“ во Јавно обвинителство

Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, кои се осомничени во случајот Рекет, остануваат во притвор, одлучи Кривичниот суд.

Од Судот соопштуваат дека се одбива како неосновано барањето да и се укине притворот на Јанева со давање гаранција или заменување со мерки за претпазливост. Како неоснован судот го одбива и предлогот Јовановски да биде ослободен од притвор и мерката да му се замени со поблаги мерки.

Јанева и Јовановски на овие одлуки имаат право на жалба во рок од три дена до Апелацискиот суд – Скопје.

XS
SM
MD
LG