Достапни линкови

Трамп: Примирјето меѓу Турција и курдските сили се одржува


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека примирјето меѓу Турција и курдските сили во Сирија се одржува и покрај некои престрелки. Тој порача и дека американските сили во Сирија најпрвин ќе бидат распоредени во различни области, но и дека наскоро ќе бидат вратени дома.

Трамп на средба на неговиот кабинет во Белата куќа истакна и дека САД никогаш не им дале гаранција на Курдите дека ќе останат да ги заштитуваат целиот нивен живот. Договорениот прекин на огнот истекува утре.

XS
SM
MD
LG