Достапни линкови

Вајгл: Неприфатливо е Франција да блокира и да ја срами ЕУ


Поранешниот словенечки пратеник во Европскиот парламент Иво Вајгл

Поранешниот словенечки пратеник во Европскиот парламент Иво Вајгл денеска изјави дека одлуката на ЕУ за неотворање на преговорите со Северна Македонија е катастрофална и со неа се поткопува кредибилитетот на Унијата.

„Би рекол дека ова едноставно е измама. Ова не е прифатливо за која било земја дури и за Франција, да блокира ваква работа против желбите на сите, дури и ја засрамува Европската унија“, изјави Вајгл во интервју за Еуропијан Вестерн Балканс.

Вајгл кој беше известувач за земјава во периодот од 2014 до 2019 година порача и дека Договорот од Преспа е еден од ретките позитивни случаи кога еден сложен политички проблем бил решен на демократски начин.

„И некој сега тоа го фрли во корпа за отпадоци и ги обезвредни напорите на овие државници, со што потврди дека оние кои беа против овие договори се во право“, смета Вајгл.



XS
SM
MD
LG