Достапни линкови

Жбогар: Вие испорачавте, но за жал ЕУ ги носи одлуките едногласно


Евроамбасадорот Самуел Жбогар

Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар изјави дека земјата испорачала се што било побарано, и дека го исполнила својот дел, но дека Европската унија одлуките за овие прашања ги носи едногласно, и, како што истакна, за жал, повторно го одложила ова прашање.

„Го разбираме разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваме посветени на Северна Македонија и на регионот“, изјави Жбогар во интервју за МИА.

Тој порача дека се потребни реформи и во самиот процес на носење одлуки внатре во самата ЕУ. Евроамбасадорот рече дека проширувањето на ЕУ кон регионот останува нивен стратешки приоритет, и тоа не е променето.

На прашањето дали во мај на Самитот во Загреб очекува земјава да добие датум, вели дека сега ЕУ треба да се воздржи од ветувања. Во однос на тоа дали ќе се засили руското политичко и кинеското економско влијание во регионот по француското „не“ за Северна Македонија, Жбогар вели дека во ЕУ немаат ништо против земјите да имаат добри односи со други земји.

XS
SM
MD
LG