Достапни линкови

Британскиот суд го одби барањето на Асанж за рочиштето за екстрадиција во САД


Одбиени е барањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, да му биде одложено рочиштето за екстрадиција во САД, откако денеска Судот во Лондон го одби барањето на неговиот правен тим кој побара судењето да се одложи на три месеци. Процесот за екстрадицијата на Асанж ќе продолжи во февраури 2020 година, како што беше претходно планирано.

Асанж денеска се појави во Судот во Вестминстер. Тој рече дека му треба повеќе време за да ја подготви одбраната против барањето за негова екстрадиција во САД. Во САД тој е обвинет за заговор за пробивање во американски владини компјутери и кршење на законот за шпионажа.

Откако Асанж и неговите адвокати не успеаја да го убедат судот, тој рече дека случајот не е „правичен“.

Асанж вели дека немал ресурси и време да ја подготви битката против екстрадицијата додека бил притворен, додека американската влада има неограничени ресурси.

XS
SM
MD
LG