Достапни линкови

Баша бара предвремени избори во Албанија, по примерот на Македонија


Лидерот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша.

Лидерот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша бара државата да го следи примерот на Македонија и да се спроведат избори.

Тој вели дека албанската Влада треба да преземе одговорност за неуспехот на преговорите со ЕУ и да му го врати мандатот на албанскиот народ.

Баша вели дека само со нова, легитимна влада која ќе го води процесот на преговори, можен е напредок. Според него, Советот на ЕУ со одлуката на 18 октомври ја отфрли Владата на Рама, а не Албанија.

XS
SM
MD
LG