Достапни линкови

Попис во април нема да има


Пописот планиран за април, следната година, нема да може да се одржи во тој термин, затоа што се поклопува со предизборна кампања, вели директорот на заводот за статистика, Апостол Симовски. Тој вели дека статистичката операција е обемна и нема да може да спроведе ниту пред април, кога се планирани изборите. Симовски рече дека не може да одговори кога и како би можело да се спроведе попис, оти Парламентот е тој кој треба да донесе таква одлука.

Законот за попис се уште не е донесен. Опозицијата имала 23 барања за начинот на спроведување на попис, но Симовски вели дека најголем дел од нив биле неприфатливи. Најнеприфатливо било барањето пописот да не го спроведува заводот, туку пописна комисија.

XS
SM
MD
LG