Достапни линкови

Шпанија ќе ги премести посмртните останки на Франко


Генерал Франко во 1939

Шпанија ќе ги премести посмртните останки на диктаторот Франциско Франко од државниот мавзолејот кој се наоѓа во близина на Мадрид, соопшти денеска шпанската влада. Тоа ќе се случи в четврток, на 24 октомври. Минатиот месец Врховниот суд ја отфрли жалбата на семејството на Франко кои се противеа на ексхумацијата.

Посмртните останки на Франко ќе бидат пренесени на државните гробиштата во близина на градот, и тој ќе почива до неговата сопруга. На церемонијата ќе присуствува неговото семејство.

Франко кој владееше со цврста рака по крајот на граѓанската војна во земјата ( од 1939 до 1975 година) е закопан во импозантна базилика претворена во мавзолеј во Долината на паднатите, која се наоѓа на 50 километри до Мадрид. Властите во Шпанија сметаат дека државата не треба да го слави диктаторот, па преместувањето на останките им беше еден од приоритетите.

XS
SM
MD
LG