Достапни линкови

Руски хакери се кријат зад ирански сајбер-шпионски мрежи за да напаѓаат организации


Британски и американски разузнавачки агенции соопштија дека руски хакери преземале ирански сајбер-шпионски мрежи и напаѓаат десетици држави и организации преправајќи се дека се Иранци.

Заедничка изјава со деталите за операцијата соопштија денеска британскиот Национален центар за компјутерска безбедност и Американската национална агенција за безбедност.

Руската хакерска група позната под името Турла сега може да се служи со иранските алатки и инфраструктура за да изврши напади врз владини оддели, научни организации и универзитети во повеќе од 35 земји, се вели во соопштението.

Многу од целите кон кои е насочена хакерската група се наоѓаа на Блискиот исток, но погодени се и организации во Велика Британија.

Директорот на британската Агенција, Пол Чичестер вели дека сакале да испратат јасна порака дека дури и кога сајбер актерите сакаат да го сокријат својот идентитет, агенциите имаат можности да ги откријат.

XS
SM
MD
LG