Достапни линкови

Најмалку седум загинати во прекугранични престрелки меѓу Индија и Пакистан


Архива: Индиски војник во судирите со пакистанската армија во Кашмир.

Најмалку четири цивили и тројца војници се загинати за време на прекугранични престрелки меѓу пакистанските и индиските трупи доцна на 19 октомври, што го прави еден од најсмртоносните денови откако Њу Делхи го повлече специјалниот статус на делот од Кашмир кој е под индиска администрација.

Извештаите од конфликтот на двете страни сугерираат дека бројот на загинатите може да се зголеми.

Портпаролот на Пакистанската армија генерал-мајор Асиф Гафур денеска на Твитер обвини за „непровоцирано“ гранатирање од индиска страна од де- факто линијата на контрола, кое тој тврди дека било „насочено кон цивили.“

Тројца цивили и еден војник во делот на Кашмир под пакистанска администрација загинаа, вели тој, како и двајца пакистански војници и пет цивили се повредени.

Тој додаде дека пакистанските војници се одмаздиле убивајќи девет индиски војници и повредувајќи неколку други.

Но, индиски извори го оспорија тој извештај на бројки и настани. Високи индиски полициски и воени лица за Реојтерс и АП велат дека пакистанските војници нападнале индиски граничен пункт и цивилни области, убивајќи еден војник и двајца цивили.

Полковник Рајеш Калиа – портпарол на Индиската армија, изјви дека уште тројца цивили биле повредени во размена на оган.

XS
SM
MD
LG