Достапни линкови

Обвинителство: „Ла Верита“ објави непроверени факти


Основно јавно обвинителство во Скопје.

Основното јавно обвинитлство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека „најостро ги демантира“ наводите изнесени во италијанскиот весник „Ла Верита“, во кој според Обвинителството во текстот има невистинити и непроверени факти.

Демантот доаѓа отакако денеска медиумите во земјава пренесуваа текст на „Ла Верита“ објавен денеска во кој пишува дека „притворањето на пратеничката Фросина Ременски делува како битна амортизација со која премиерот Зоран Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност“.

Весникот наведува и дека добиле потврда дека „Управата за финансиско разузнавање (УФР), сомневајќи се на некои незаконски дејствија при трансакцијата на парите на Силјан Мицевски, го замрзнала плаќањето од 750.000 евра во корист на Лилјана Тодоровска. Весникот пишува дека почитувајќи ги легалните процедури „УФР за потенцијалното кривично дело уредно го известило Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на чие чело е обвинителката Вилма Рускоска“ и дека „таа тогаш го имала целото право да определи притвор на неопределено време и да почне истрага.“

Обвинителството во демантот вели дека е точно дека со новоотворената истражна постапка опфатена е и Ременски, но дека за неа по предлог на обвинителството се изречени мерки за обезбедување, односно одземање на патна исправа, забрана за напуштање на живеалиште и престојувалиште и јавување во судот еднаш неделно.

Исто така во демантот на Обвинителството се наведува дека Управата за финансиско разузнавање кон крајот на 2017 година до Обвинителството за организиран криминал и корупција доставило иницијатива за сомнителни трансакции во износ од 719.000 евра, по што надлежен обвинител донел наредба за замрзнување на средствата и наредба за постапување на Управата за финансиска полиција.

„По добиените известувања од Управата за финансиска полиција дека нема основи за сомневање за извршената трансакција, на 12.4.2018 година средствата беа одмрзнати и според наши сознанија подигнати наредниот ден (13.4.2018 година). Советот на јавни обвинители на 14.11.2018 година, седум месеци по подигнувањето на средствата, Вилма Русковска ја избра за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, се вели во соопштението на ОЈО.

„Ла Верита“ пишува и дека според нивните инфорамции и од сведочењето на обвинителот Наум Пановски пред републилкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, „следниот ден Заев лично ја побарал Русковска и наредил таа да ги блокира парите, но идека таа не случајно била негова фаворитка за замена на Катица Јанева“, која му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев и дека потоа, ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна, а дека 750.000 евра биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа. „Ваквите сведочења ја потврдуваат директната поврзаност помеѓу премиерот Заев и рекетот извршуван од Боки 13“, пишува „Ла Верита.“

Од ОЈО обајснуваат дека обвинителот Пановски е дел од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и оти „негова должност и обврска е да соработува и одговара како пред Основниот јавен обвинител, така и пред Јавниот обвинител.

„Наводите изнесени во текстот на „Ла Верита“ за наводно негово сведочење пред Јавниот обвинител не ја отсликуваат вистината“. велат од ОЈО.

XS
SM
MD
LG