Достапни линкови

Сириската курдска милиција најави можно повлекување


Архива - припадник на Сириските демократски сили (СДФ).

Сириската курдска милиција соопшти дека нејзините сили ќе се повлечат од пограничното подрачје во североисточна Сирија за да бидат во согласност со договорот за прекин на огнот со САД, доколку турските сили дозволат останатите курдски сили и цивили да го напуштат тамошниот град зафатен од борбите.

Соопштението доаѓа заедно со други извештаи за наводни прекршувања на кревкото примирје по должината на границата меѓу Турција и Сирија, два дена откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се согласи на привремен прекин на борбите за да им даде време на Курдските сили да се повлечат од регионите кои беа под напад на турската војска.

Редур Халил од Сириските демократски сили (СДФ), на кои им беше обезбедено американско оружје во борбите против милитантите на Исламската држава во регионот, доцна синоќа изјави дека трупите на СДФ ќе се повлечат 30 километри до турско-сириската граница во оддалеченост од 120 километри меѓу Рас ал-Аин и Тал-Ајбард доколку се дозволат евакуациите од тие градови.

Изјавата се чини дека е прво јавно соопштување од страна на СДФ дека е можно да се повлечат.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара не сака „ниту еден курдски милитант“ да остане во планираната „безбедна зона.“

Тој додаде дека Турција ќе дискутира со Русија, чии сили се борат во поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад, за отстранување на борците на курдската милиција од сириските региони Кобани и Манбиџ.

XS
SM
MD
LG