Достапни линкови

Маж повреди пет лица во напад со автомобил во Холандија


Архива - илустративна фотографија - припадник на холандската полиција.

Повредени се пет луѓе откако возач го насочил својот автомобил кон група луѓе на плоштад во холандскиот град Девентер, соопшти полицијата, јавува ДПА. Од полицијата велат дека четворица од нив биле пренесени во болница, но ниту еден не во живтна опасност.

Мажот го насочил својот автомобил кон група луѓе што седеле пред кафуле на плоштадот во центарот на градот во близина на германската граница на источната стана од земјата, денеска во околу 5:30 часот наутро.

Иако мотивите првично се нејасни, полицијата вели дека инцидентот се случил по расправија. Полицијата вели дека го знае идентитетот на возачот кој избегал од местото на настанот и се уште е на слобода, додека друго лице е уапсено.

XS
SM
MD
LG