Достапни линкови

Турција ги отфрла обвинувањата за воени злосторства во Сирија


Чад во сирискиот град Рас ал-Аин за време на турската офанзива на северот на земјата.

Турција остро ги отфрли обвинувањата на Амнести интернешнал за сторени воени злосторства во северна Сирија, наведувајќи оти тие се дел од кампањата за клевета против турската борба против тероризмот, објави ДПА.

Во извештај објавен во петокот, Амнести интернешнал ја обвини Турската армија и нејзините сојузници дека убивале и повредувале цивили во „безмислосни напади врз станбени области“ за врме на нејзиниот воен упад во североисточна Сирија.

Министерството за надворешни работи во Анкара соопшти дека операциите во Сирија било насочени само на позиции и места каде се криеле припадниците на курдската милиција и оти биле преземени сите неопходни мерки за претпазливост да не бидат повредени цивили.

Според извештаите на организациите за човекови права, про-турските бунтовници исто така убиле сириско-курдски политичар.

И покрај официјалниот прекин на огнот мешу турските и курдските сили, двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршувања.

XS
SM
MD
LG