Достапни линкови

Тројца уапсени откако загинаа 15 лица во рудник за злато во Сибир


Местото каде се урна брана во рудник за злато во Сибир.

Три официјални лица од рудникот за злато во Сибир, каде вчера загинаа 15 лица по уривање на брана, денеска се уапсени, соопштија руските власти.

„Уапсени се шефот на компанијата Сисим, менаџерот и надзорникот на местото на ископувањето на рудата“, соопшти рускиот Истражен комитет.

Тројцата биле одведени на сослушување во Краснојарск, се вели во соопштението.

Покрај 15-те загинати, шест луѓе се на листата исчезнати откако вчера брана на реката Сеиба пукна и ги поплави кабините каде живееа работниците.

Истражниот комитет соопшти дека биле извршени рации во просториите на компанијата.

„Прекршувањата извршени за време на рудните процеси“ се сметаат за главна причина за несреќата, велат властите.

Официјални лица изјавија дека браната била изградена со прекршување на правилата за безбедност и тврдат дека властите не биле ниту свесни за нејзиното постоење.

XS
SM
MD
LG